Паметни патики на Xiaomi мерат чекори, калории, брзина на движење

22

patiki

Фото: YouTube Screenshot

Кинеската компанија Xiaomi, во рамки на својот бренд Mijia, ги претстави паметните патики Xiaomi 90 Minutes Ultra Smart Running Shoes. Во патиките има интегрирано Intel Curie чип со големина на копче, што може да трае до 60 дена со едно полнење, пишува NDTV.

Паметните патики ги следат чекорите, согорените калории, брзина на движење, поминато растојание. Исто така, автоматски открива дали корисникот пешачи, трча или планинари. Патиките имаат подлога заштитена од лизгање и материјал од пена.

Патиките може да се купат онлајн и чинат околу 50 евра. Достапни се во три различни комбинации: црно – сина, црвено – сина и посебна рефлектирачка сина боја што може да се користа во ноќни услови.