“Паметни“ прозорци сами произведуваат енергија и ја менуваат бојата

60

pametni prozorci

Прозорците освен што претставуваат извор на светлина во домот и топлотна и звучна изолација сега добиваат уште една димензија. Научниците од Политехничкиот факултет Nanyang од Сингапур развија интелигентни прозорци што произведуваат електрична енергија и ја менуваат бојата во зависност од временските услови.

Овие прозорци немаат потреба за поврзување со надворешни извори на енергија, а распонот на видливоста низ нив се движи од целосно проѕирна до темносина боја на стаклата.

Според тимот од експерти овој изум е важен чекор напред кога станува збор за енергетската ефикасност, бидејќи примената на ваквите прозорци во иднина значително ќе ја подобри ефикасноста на станбените објекти и ќе обезбеди поголема заштеда во потрошувачка на енергијата.