Хрватскиот град Дубровник доби “паметни“ канти за отпадоци под името Big Belly и Smart Belly, јавува ХРТ.
Металната и пластичната амбалажа се остава во Smart Belly, а останатиот отпад во Big Belly.
Овие канти за отпадоци се опремени со соларни панели, го мерат загадувањето на воздухот и автоматски доставуваат информации кога треба да дојде комуналната служба да ги испразни. Еден час сончева енергија е доволна да може овие две канти да функционираат цел месец.
Низ најфреквентните делови на Дубровник се поставени осум вакви единици, чија цена е над 130.000 евра.
Вакви слични “паметни“ канти за отпадоци се поставени на една од нафреквентните пешачки улици во Сингапур.