Паметни товарни бродови сами ќе ја одредуваат најбезбедната и најисплатливата рута

45

brod-pixabay

Фото: Pixabay

Јапонски бродски компании започнаа соработка со фирми за изградба на бродови со цел да создадат автономни товарни бродови, пишува BBC.

Овие паметни бродови ќе користат вештачка интелигенција преку којашто самостојно ќе ја исцртуваат рутата што е најбезбедна, кратка и исплатлива. Посебната технологија што ќе биде вградена во овие бродови ќе може да предвидува проблеми или расипување на одредени делови со што ќе се намали бројот на поморски несреќи.

Се очекува овие бродови да бидат пуштени во употреба до 2025 година, а планирано е да се изградат 250 автономни бродови.

На слични бродови работи и норвешката компанија Yara, којашто автономниот товарен брод би го користела за превоз на ѓубриво во земјата.