Властите во Кина воведуваат “паметни“ возови на една од метро линиите, што може да детектираат патници кои не носат заштитни маски, соопштуваат тамошните медиуми.
Вагоните на возовите се опремени со повеќе камери со висока резолуција, чии снимки ќе бидат испраќани во систем на анализа. Системот ќе може да ги препознае ликовите на патниците кои не носат заштитни маски, како и на оние лица на кои им е потребна помош или паднале во несвест.
Овие мерки се поради пандемијата од коронавирусот што го зафати целиот свет, а започна од кинескиот град Вухан. Досега од овој вирус се инфицирале над 1,6 милиони луѓе ширум светот, починале близу 100.000, а оздравеле над 355.000 лица.
Фото: Pixabay