Паметниот звучник Google Home ќе овозможи повици и преку мобилна услуга

46

Корисниците на паметниот звучник Google Home веќе две години ја користат неговата услуга за телефонски повици преку функцијата VoIP. Сега технолошкиот гигант овозможи и повици преку мобилна телефонија.

Услугата за почеток е достапна во Австралија преку мобилниот оператор Telstra којшто е првата компанија што понуди гласовни повици преку мобилен провајдер, пишува Engadget.

Корисниците на Telstra ќе можат да поврзат до шест мобилни броеви со нивниот  Google Home и да ги синхронизираат контактите. Со тоа ќе им биде овозможен повик до било кој од нивните контакти преку самиот уред.

За повици со повеќе броеви, корисниците можат ја користат функцијата Google Voice Match којашто ги идентификува гласовите и ги поврзува со одреден број и листата на контакти.

Она што е добро со новата услуга е тоа што корисниците можат да се јавуваат од Home дури и кога нивниот мобилен телефоне лоциран на друго место.

Фото: Telstra