“Паметното“ капаче што штеди гориво на 4Vitrus добитник на наградата Private sector excellence award

28

icap-660x230

Иновативното решение “паметно капаче”, што штеди гориво, на македонската компанија 4Virtus е добитник на наградата Private sector excellence award од WITSA (World Iinformation Technology and services alliance) во Бразил.

“Ова е многу возбудливо време во историјата на нашата компанија и јас сум исклучително почестен што токму ние сме добитници на оваа награда. Со гордост ја примам оваа награда во име на нашата компанија и во чест на огромна работа на нашиот тим кој помогна сето ова да стане реалност. Оваа награда е уште една потврда на иновативноста на нашето решение но и нашата посветеност да испорачаме врвни решенија во светски рамки директно од Македонија“, изјави Игор Христов, извршен директор на компанија 4Vitrus.

“Паметното“ капаче на превозниците им нуди решение за заштита од кражби и заштеда на горивото. Со него се намалуваат трошоците, се врши контрола во реално време, а до целиот систем може да се пристапи од компјутер или мобилен телефон. Капачето се додава на резервоарот за гориво за да води евиденција колку е наполнет резервоарот, колку гориво е потрошено и уште колку останува.