Паметното земјоделство изложено на ризик од сајбер напади, предупредува студија

78

Напредните машини, како што се беспилотните летала и сензорите, веќе се користат во земјоделството за да се соберат информации за земјоделските култури и да се поддржат земјоделците во донесувањето одлуки преку откривање болести или недоволно наводнување. Ваквите автоматизирани системи го прават земјоделството поефикасно, ги заштедуваат трошоците за работна сила, го оптимизираат производството и ги минимизираат загубите и отпадот.

Потенцијални опасности

Но, тој напредок може да биде попречен од хакерски напади. Анализата на ризик спроведена од Универзитетот во Кембриџ покажува дека имплементацијата на вештачката интелигенција во земјоделството вклучува значителни потенцијални ризици за земјоделците и безбедноста на храната.

Идејата за интелигентни машини да водат фарми не е научна фантастика, вели д-р Асаф Цачор, експерт за безбедност на храна и управување со ризик при имплементирање на кориснички интерфејс во синџирите на снабдување и автор на студија објавена во списанието Nature Machine Intelligence. Проблемот е што никој сериозно не се запрашал дали има некакви ризици поврзани со брзиот развој на земјоделството засновано на вештачка интелигенција.

Недостатоци во хардверот

Студијата сугерира дека хакерите би можеле да ги искористат недостатоците во земјоделскиот хардвер, од автоматски прскалки, преку дронови, до роботски жетвари. Тој страв дополнително се зголемува со предупредувањата од британската влада и ФБИ за зголемената закана од сајбер напади, но и можноста хакерите спонзорирани од Русија да ги таргетираат синџирите на снабдување како витален дел од западната национална инфраструктура.

Некои од овие закани веќе се материјализираа. Минатата година, JBS, една од најголемите светски компании за преработка на месо, плати откуп од 11 милиони долари како сајбер напад, а на почетокот на мај, најголемата американска земјоделска компанија AGCO беше нападната од „рансомвер“ што влијаеше на нивното производство.

Истражувачите од Кембриџ развија каталог на ризици кои мора да се земат предвид при одговорниот развој на паметното земјоделство, како и начините на кои може да се решат.

За да се заштитат од напаѓачите кои трујат сетови на податоци или исклучуваат прскалки, автономни дронови и роботски жетвари, тимот, исто така, предлага „белите хакери“ да им помогнат на компаниите да ги откријат сите безбедносни пропусти за време на фазата на развој за да ги заштитат системите од вистински хакери.