Приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во 23 економии на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) падна за 58% во првата половина на 2020 година во споредба со истиот период минатата година, но Западен Балкан имаше многу помал пад од 40%, покажува нова анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW).
Во целиот регион на ЦИЈИЕ капиталот за гринфилд инвестиции е смален за 23%, додека падот на глобално ниво во првата половина на 2020 бил 34%.
Најчувствителен сектор на рецесија и по прилив на директни странски инвестиции и по гринфилд инвестиции беше преработувачката индустрија, се наведува во анализата на австрискиот независен институт.
Фото: Pixabay











