Пандемијата на коронавирусот влијае на буџетите на 64% на Американците и се промениле нивните потрошувачки навики, а промени се забележани и кај вработените и кај оние кои се без работа, пренесува CNBC.
Многу вработени работеле од дома во последните неколку месеци, што влијаеше на нивните трошоци поради патување на работа, оброци, патувања, онлајн купување и слично.
Бидејќи им се променети потрошувачките навики, Американците ги зголемија трошоците за домашни миленици, образование, домаќинство и инвестиции.
“Забележавме зголемување на бројот на посвојување и купување домашни миленици. Луѓето дома можат да се грижат за нив и сакаат таков вид на љубов во ова лудо време. Тоа не знак дека луѓето имаат повеќе миленици, туку и повеќе трошат на нив“, вели Шенон Меклеј, финансиски експерт.
Американците повеќе штеделе бидејќи не патувале поради пандемијата, а тие пари ги пренасочиле за преуредување на домот или селење во нов.
Трошењето на храна е зголемено за 54% во февруари и март, бидејќи луѓето панично купувале и создавале залихи, а потрошувачката во ресторани е намалена за 44% во март и април.
Фото: Freepik