Пандемијата го “набилда“ глобалниот долг за 24 билиони долари

32

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот на глобалниот долг му додаде нови 24 билиони долари, достигнувајќи рекордно ниво од 281 билион долари, што е за 355% над вредноста на глобалниот бруто домашен производ, пренесува Ројтерс.

“Очекуваме глобалниот државен долг оваа година да се зголеми за дополнителни 10 билиони долари. Политичките и општествените притисоци може да ги ограничат напорите на владите да го намалат дефицитот и долгот, загрозувајќи ја способноста да се соочат со кризите што се очекуваат во иднина“, покажува истражувањето на Институтот за меѓународни финансии.

Растот на долгот е посебно изразен во Европа, а најголем е во Франција, Шпанија и Грција и тоа со пораст за 50 процентни поени.

Владите во светот осмислуваа и носеа пакети за поддршка на економијата, но експертите веруваат дека долготрајното потпирање на државна помош може да создаде “системски ризици“, вклучувајќи поддршка на таканаречени зомби компании.

Фото: Pexels