Пандемијата го намали бројот на фалсификувани евра

43

Во Австрија лани биле запленети 1.656 помалку фалсификувани банкноти во евра или 20,8% помалку од претходната година.

Причината за помалиот број на фалсификувани евра во оптек е секако ограничената можност за купување за време на воведените рестриктивни мерки.

Вкупно 6.321 фалсификувани банкноти од заедничката европска валута се запленети минатата година во Австрија.

Најголемиот дел од фалсификуваните банкноти била банкнота од 50 евра (29,5%), а потоа банкнота од 20 евра (28,4%), соопшти Националната банка на Австрија (OeNB).

Според OeNB, штетата направена на фалсификувани банкноти изнесува 320.190 евра, што е намалување за повеќе од 40% во споредба со 2019 година.

Најмногу фалсификувани евра од оптек биле повлечени во Виена, каде биле пронајдени дури 26,4% од сите запленети фалсификати.

Фото: Pixabay