Пандемијата го намали производството на автомобили во Турција

52

Во Турција, во првото полугодие, се произведени 518.727 возила, вклучувајќи автомобили, лесни комерцијални возила и трактори, пренесува Хуријет.

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, производството на автомобили во оваа земја, во периодот јануари – јуни, во споредба со истиот период лани, е намален за 29%.

Производителите на автомобили во Турција, во текот на март и април, беа принудени да ги затворат погоните, а веќе во мај се вратија на своите работни активности.

Од вкупното произведените автомобили, 77,5% биле наменети за извоз, што е намалување за 37% во однос на истиот период минатата година. Извозот на автомобили достигна вредност од 11 милијарди долари, што е за 30% помалку во однос на истиот период лани.

Големи автомобилски брендови од типот на: Ford, Honda, Hyundai, Mercedes, Renault и Toyota имаат свои фабрики во Турција, којашто е еден од најголемите пазари за автомобили во светот.

Фото: Freepik