Пандемијата им создава нови проблеми на Nike и Adidas

104

Некои од најголемите компании за облека и обувки се соочуваат со проблеми во производството бидејќи фабриките во југоисточна Азија се борат со зголемениот број на заразени со коронавирусот.

Голем број компании што работат за брендови како што се Nike и Adidas информираат за запирање на производството во Виетнам во последните неколку недели бидејќи властите повторно воведуваат рестриктивни мерки за запирање на ширење на заразата, пренесува Bloomberg.

Привременото затворање доаѓа во исклучително лош период бидејќи течат подготовките за сезоната на празничен шопинг во САД и Европа. Доцнењето може да се одрази врз редовното снабдување на продавниците со обувки, облека и различни додатоци до Денот на благодарноста, што важи за почеток на празничната сезона.

Фото: Pexels