Масовните отпуштања и затворањето канцеларии поради кризата со коронавирус ги зафатија скоро сите индустрии и сектори. Како резултат на тоа, стотици илјади компании низ целиот свет не успеаја да ги исполнат предизвиците што ги носи пандемијата и ставија крај на своите бизниси.
Според податоците обезбедени од „Buy Shares“, минатата година во светот работеле 213,6 милиони компании, што е за 560 илјади помалку отколку во 2019 година.
Прв пад во последните две децении
По инвазијата на КОВИД-19, бизнисите мораа да реагираат брзо и одлучно. За повеќето компании, ова значеше промена на начинот на работа, обезбедување услуги и комуникација со клиентите. И иако некои компании, особено во областа на е-трговија и технологија, отворија нови можности во пандемија, многумина немаа толку среќа.
Според „Статиста“, „Еуростат“ и Светска банка, бројот на компании растеше две последователни децении пред пандемијата. Во 2000 година, повеќе од 122 милиони компании ширум светот беа активни. До крајот на 2010 година, тој број се зголеми на речиси 160 милиони, а шест години подоцна достигна 185 милиони.
Во 2018 година, беше регистриран најсилниот годишен раст, бидејќи бројот на компании на глобално ниво се зголеми за 20 милиони на вкупно 205 милиони. Во 2019 година, почнаа да работат 9 милиони нови компании, со што го надмина вкупниот број од 214 милиони
Сепак, КОВИД-19 го скрши трендот и го донесе првиот пад во две децении, а бројот на компании се намали на 213,6 милиони.
Раст во Азија, пад во Америка
Податоците откриваат други интересни трендови. На пример, компаниите во азиско-пацифичкиот регион беа многу помалку погодени од КОВИД-19 отколку оние во Европа или САД. Всушност, вкупниот број компании во овој регион се зголеми за 700.000 за една година, и покрај пандемијата.
Во Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА), минатата година работеа 57,2 милиони компании, што е мало намалување од 57,6 милиони во 2019 година.
Огромното мнозинство компании принудени да ги затворат своите бизниси поради пандемијата се од Северна и Јужна Америка. По влијанието на КОВИД-19, вкупниот број претпријатија во регионот се намали за 900 илјади на 24,1 милиони.
Малиот бизнис го понесе товарот на ударот
Според податоците, малите и средни компании (МСП) се многу повеќе погодени од корона-кризата отколку големите компании. Во 2020 година, бројот на МСП се намали за над 500 илјади на вкупно 212,9 милиони.
Во исто време, бројот на големи претпријатија со 250 или повеќе вработени падна на околу 667.000 од 685.000 пред една година.