Пандемијата ја подигна цената на златото за 40%

50

Од почетокот на пандемијата, вредноста на златото се зголеми за 40%, а бидејќи златото важи за најсигурна инвестиција во несигурни времиња воопшто не чуди големиот интерес за овој благороден метал.

Иако најавата за создавање вакцина го смири пазарот и цената на златото, доколку епидемиолошката ситуација се влоши и се воведат нови ограничувања, може да се очекува нова цена на златото.

Во периоди на рецесија со среден интензитет, вредноста на златото може неколкукратно да се зголеми.

Во текот на рецесијата во 2008 година, вредноста на златото се зголеми за 280%.

Фото: Pexels