Пандемијата како добра прилика за почнување бизнис

288

Пандемијата на коронавирусот принуди многу компании ширум светот или да го намалат или да го запрат своето работење. Но, некои луѓе веруваат дека додека трае криза, тоа може да биде добра прилика за почнување бизнис. Така смета и основачот на PayPal, Макс Левчин, кој во разговор за CNBC рекол дека денес многу луѓе “немаат големи соништа“, бидејќи сега само се обидуваат да преживеат. Според него, оние кои имаат одлични идеи и можат да ги финансираат, ова е најдобро време да се почне со бизнис.

Тоа е така бидејќи конкуренцијата е помала, нема многу компании што започнуваат нови проекти, па ако некоја иновативна идеја се најде на вистинското место, тогаш може да го привлече вниманието на инвеститорите.

Кога се работи за старт – ап компаниите, Левчин смета дека оние кои се во понапредна фаза имаат поголема предност во однос на компаниите што се наоѓаат некаде на средина.

Во врска со големиот број откази во САД, пред сè во технолошкиот сектор, тој рекол дека во текот на минатиот месец старт – ап компаниите загубиле околу 4.000 вработени, но очекува таа бројка да расте во иднина.

Фото: Pixabay