Пандемијата ќе заврши, економијата ќе закрепне ако се вакцинира 70% од населението од секоја земја

55

Вакцинацијата на 70% од населението од секоја земја во светот не само што ќе ја запре пандемијата на коронавирус, туку ќе ја обнови глобалната економија, изјави директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејезус.

“Во соработка со шефовите на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација, повикав на голема глобална акција за вакцинирање на најмалку 10% од населението во секоја земја до септември, најмалку 40% до крајот на годината и 70 % до средината на 2022 година “, рече Тедрос за време на воведниот говор пред Меѓународниот олимписки комитет во Токио.

Тој верува дека ако светот ги достигне овие цели, не само што ќе заврши пандемијата, туку и економиите ќе закрепнат. За да се исполни целта, на светот му требаат 11 милијарди дози, додаде тој.

Фото: Pixabay