Пандемијата на американските милијардери им додаде 434 милијарди долари на сметките

56

И покрај тоа што светот се соочува со сериозни здравствени и економски последици предизвикани од пандемијата на коронавирус, американските милијардери станаа побогати за 434 милијарди долари, пишува Forbes.

Во исто време, без работа останаа 38 милиони Американци.

Петте најбогати Американци: Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон, имаат раст на богатството од 75,5 милијарди долари. Основачот на Amazon, Безос на својата сметка има богатство повисоко за 30,6% во последните два месеци и сега има 147,6 милијарди долари. Богатството на Безос и Цукерберг заедно се зголеми за околу 60 милијарди и сега двајцата имаат 14% од вкупно 434 милијарди долари.

Ова покажува дека пандемијата им оди во полза на најголемите и оние компании чиј фокус е ИТ.

Нето вредноста на американските милијардери се зголеми за 15% за два месец, на 3.382 милијарди долари од 2.948 милијарди долари.

Фото: Freepik