Пандемијата од коронавирус го зголеми јавниот долг на ЕУ, Хрватска e најзадолжена

40

Заклучувањето на економијата и ширењето на пандемијата го зголеми јавниот долг на Еврозоната и Европската унија за приближно два процентни поени, и тоа на Еврозоната на 86,3%, а ЕУ на 79,5% од БДП во првиот квартал на 2020 година.

Обемот на долгот кон БДП порасна во 24 од 27 земји членки на ЕУ, најмногу во Белгија, за скоро шест процентни поени, Финска околу пет, Словенија, Шпанија и Франција повеќе од три. Хрватскиот јавен долг е поголем еден процентен поен во однос на последниот квартал од 2019 година, а само Литванија, Данска и Бугарија се раздолжуваа.

Хрватска во последниве години успешно го намали својот јавен долг, но короната го врати овој тренд на ниво на долг од приближно 74% од БДП.

Хрватска е најзадолжена транзициска членка на ЕУ, пред Словенија и Унгарија, додека во сите други посткомунистички членки јавниот долг е под 50% од БДП, а најмалку задолжена е Бугарија, која исто така тропа на вратата на еврозоната, околу 20%.

Највисоки нивоа на државен долг се во Грција (176%), Италија (137%), Португалија (120%), Белгија (104%) и Франција (101%), а најниско во Естонија (9%) и Бугарија (20%).

Фото: Pixabay