Пандемијата однесе 800.000 работни места во пивската индустрија

64

Продажбата на пиво во Европа нагло падна во 2020 година откако беа затворени баровите и рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот, објави Европската асоцијација на производители на пиво.

Малопродажбата на пиво е малку зголемена, но недоволно за да ги надомести загубите, велат од таа организација.

Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, 9% помалку отколку во 2019 година, објави здружението The Brewers of Europe.
Пандемијата зеде и 800.000 работни места во логистичкиот ланец на индустријата за производство на пиво, третина во целиот сектор за производство на пиво, што сега брои 1,8 милиони.
Повеќето од работните места беа укинати во угостителските објекти, но исто така беше забележана значителна загуба во дистрибуцијата.
Во Германија, продажбата на пиво потона за 5,5% во 2020 година, на 8,7 милијарди литри, што е најниско ниво откако Дестатис започна да објавува податоци, покажа студија објавена во февруари.

Фото:Pixabay