Пандемијата поттикна туристички бум… во виртуелна реалност

74

Џем Џенкси Џонс беше принудена да остане дома во поголемиот дел од минатата година поради пандемијата, но успеа да го исполни ветувањето на својата 10-годишна ќерка да ги види поларните светла на Исланд и јужноафриканскиот резерват за диви животни и тоа во виртуелна реалност.

“Беше воодушевена“, вели таа, оценувајќи дека виртуелните патувања им го “спасиле животот“.

Ограничувањата за време на пандемија разбудија интерес за виртуелни патувања, коишто сега се подостапни благодарение на новите апликации и опрема за виртуелна реалност. Дури и оние кои мора да бидат во карантин, можат виртуелно да патуваат каде што ќе посакаат.

Податоците за користење виртуелна реалност се ограничени, но девелоперите сведочат за зголемен интерес од почетокот на пандемијата.

Една од платформите коишто овозможуваат такви патувања е Alcove, што на корисниците им даваат прилика да посетат егзотични локации, како што се коралните гребени во Австралија или Малта, овозможувајќи им споделување на искуството, односно интеракција меѓу луѓето. Тоа им нуди заедничко патување дури и за време на карантинот, како што “играње шах со некој од другата страна на планетата“.

Бидејќи туристичката индустрија беше силно погодена од пандемијата, виртуелната реалност се појави како права замена за патувањата, но и надополнување што им помага на луѓето да ги испланираат своите патувања во иднина.

Фото: Pexels