Пандемијата со себе “влече“ еколошка катастрофа

90

Се проценува дека 1,5 милијарди заштитни маски завршиле во океаните ширум светот оваа година поради пандемијата. Тоа ќе остави сериозни последици врз морскиот свет, се наведува во извештајот на еколошка организација од Хонгконг.

Според информациите, морскиот свет е загаден со околу 6.000 тони пластика поради несоодветно одлагање на заштитните маски.

За да може една заштитна маска да се разгради во природата, потребни ѝ се 450 години, а дури и во форма на микропластика остава големи последици врз еко системот.

Поради пандемијата, не само заштитни маски, се зголеми употребата на пластични производи за еднократна употреба, како што се заштитни ракавици, производи за хигиена, спакувана храна за носење и слично. Во исто време, голем број мерки за намалување на потрошувачката на овој вид на пластика се одложени или укинати.

Загадувањето на океаните со пластика е сериозен проблем што го тангира не само биодиверзитетот во водите, туку влијае и врз рибарството и туризмот, а на глобалната економија ѝ создава трошок од над 13 милијарди долари годишно.

Фото: Freepik