Пандемијата предизвикана од коронавирусот привремено го подобри квалитетот на воздухот и ја намали емисијата на штетни гасови, но поттикна повеќе користење на пластика за еднократна употреба, предупреди Европската агенција за животна средина.
Емисијата на штетни гасови е намалена оваа година во рамки на Европската унија поради воведените рестриктивни мерки што влијае и на пониска економска активност.
Ограничувањата и карантинот го намали бројот на патувања, како деловни така и туристички, што резултираше со помала активност на транспортниот сектор.
Според проценките, патничкиот сообраќај во Европа беше намален за 57% оваа година, во споредба со лани.
Пандемијата, меѓу другото, е “виновник“ и за зголемениот отпад од пластика за еднократна употреба, како што се заштитни маски, ракавици и слично. Освен тоа, пластиката за еднократна употреба си најде широка примена и меѓу рестораните, кои вршеа само достава на храна.
Фото: Freepik