Рекламниот сектор оваа година очекува пад од 10%, а најголеми последици трпат компаниите во Бразил, Јапонија и Велика Британија.
Анализите покажуваат дека ако се исклучат политичките рекламирања во САД, пазарот на рекламирање ќе достигне 517,5 милијарди долари или 12% помалку во однос на 2019 година, пренесува Deadline.
Најголем пад има телевизиското рекламирање, што стагнира веќе подолг временски период, како и огласувањето на отворен простор, што опфаќа рекламни паноа, билборди и слично, поради тоа што луѓето за да се заштитат од коронавирусот остануваа во затворен простор.
Телевизиското рекламирање за оваа година се очекува да се намали за 17,6%. Кај дигиталното рекламирање се очекува пад од 2,3%. Голем број компании вложуваат во дигитални реклами бидејќи се поевтини од телевизиските, а кампањите можат полесно и да се отпочнат, но и да се откажат.
Закрепнување на глобалниот рекламен пазар се очекува следната година, со проектиран раст од 8,2%. Но, експертите очекуваат ситуацијата да се стабилизира дури во 2022 година, односно да се врати како во периодот пред пандемијата.
Фото: Freepik