Пандемијата згасна 21.000 работни места во Црна Гора

19

Глобалниот пазар на труд се соочува со нееднакво закрепнување од пандемијата, а според последното истражување на Меѓународната организација на трудот, темпото на создавање работни места веројатно нема да ги надомести загубите на работни места пред 2023 година. Црногорските синдикати оценуваат трендови од првите пет месеци од оваа година. Предупредуваат дека е потребно да се вложат многу напори во создавање средина за создавање нови работни места со пристојни услови за работа, пишува црногорска Побједа.

Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата, 14 март минатата година, кога имало 35.429.

Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 лице, од ланските 42.194 лица на 56.385 лица, додека стапката на невработеност се зголеми од 17,89% на 24,3%.

“Според официјалната статистика, најголем пад на бројот на вработени е забележан во активностите на трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли. На крајот на 2019 година, во овие активности имало 39.834 вработени, додека на на крајот на 2020 година имало 34.922 регистрирани вработени“, изјави заменик генералниот секретар на Унијата на независни синдикати на Црна Гора, Ивана Михајловиќ.

Таа додаде дека токму во тие активности има најмногу договори за вработување на определено време, кои не се продолжени на значителен број вработени поради пандемијата со Ковид-19.

Фото: Pixabay