Панел дискусија Македонија како outsourcing дестинација

29

BIT hub Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот Св. Климент Охридски организираат панел дискусија насловена како Македонија како outsourcing дестинација. Панел дискусијата се организира со поддршка на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост и компанијата Интерворкс.

Панел дискусијата ќе се одржи на 04.06.2016 (сабота) со почеток во 11 часот и 30 минути во хотел Епинал во Битола.

На настанот ќе се обратат следниве панелисти: Ричард Ејвери, меѓународен outsourcing експерт, Карола Копланд, меѓународен outsourcing експерт, Нина Угриноска, национален outsourcing експерт, Александар Мемца (Интерворкс), проф. д-р Илија Јолевски (ФИКТ).

Панелистите ќе говорат за подготвеноста на институциите, бизнисот и на луѓето во Македонија за промоција на Македонија како аутсорсинг дестинација и за предизвиците за развој на бизниси во областа на информатичката технологија. Со организација на оваа панел дискусија BIT hub Битола, како единствен ИТ универзитетски хаб, ја потенцира својата посветеност за блиска соработка со ИТ компаниите и вметнување на бизнис елементи во поддршката која ја нуди во развојот на старт – ап компаниите.