Pantheon Farm Accounting наTechAgro 2014

19

Даталаб оваа година за прв пат зема учество на реномираниот интернационален саем за земјоделство и агротехника, TechAgro 2014, кој се одржа од 31 март до 4 април во Брно, Чешка, каде го претстави своето решение за целокупна евиденција на активностите и процесите на фарма, Pantheon Farm.

dl1

Посетата на еден саем како TechAgro доведува до целосен бум на креативноста на умот, пред сѐ поради разновидноста на понудените услуги и производи, но од друга страна и поради идеите кои се раѓаат на ваквите настани за интеграција на сите овие учесници во работењето на земјоделецот. На едно место може да се согледаат сите можности за надградба и максимизирање на предностите на најновите технологии и опрема во водењето на една фарма.

Евидентна беше заинтересираноста на сите типови на компании кои нудат некаква земјоделска механизација и опрема, за соработка и поврзување на постоечките софтверски решенија за водењето на фарма со податоците кои нивните системи и опрема ги обезбедуваат на терен, без разлика дали се тоа GPS уреди за трактори кои овозможуваат автоматизирано движење по парцелите, или смарт прскалки кои вршат автоматизирано распрскување на културите намалувајќи ги директно трошоците за ѓубрење и заштита, контролни податоци при производството на млечни и месни производи или пак далечинска контрола и увид во штетници на полето од комфорот на својот дом со искористување на соларната енергија.

dl2

Веќе се забележува потребата од максимизирање на бенефитите од сензорната и мониторинг апаратурата во склоп на постоечките производи во земјоделството. А за тоа е дефинитивно потребно здружување и заедничко делување на агротехнолошките компании, оние кои произведуваат решенија за GPS поддршка, за мониторинг и сл. со софтверските компании како Даталаб. На ваквите саеми се случува токму тоа, зачетоци на идеи и партнерства кога како мало дете ќе ги дознаеш сите играчки кои можат да послужат со својата функционалност.

Земјоделецот е сѐ повеќе подложен на нови законски извештаи, контроли и евиденции во своето секојдневно работење. Дополнително, водењето и постојаниот увид во состојбата на својата фарма му овозможува на сопственикот и менаџментот добивање на извештаи и аналитики за моменталната состојба на фармата, што води до навремено реагирање на постоечки проблеми и носење на важни одлуки за успешноста на фармата.

Но земјоделците и така работат во текот на целиот ден, па дополнителните обврски за рачен внес на овие податоци се нормално дочекани со негодување и незадоволство. Во оваа насока свесноста на производителите на ваквиот тип на опрема од една страна и софтверските компании од друга, пред сѐ за поврзување и со самото тоа АВТОМАТИЗИРАЊЕ на внесот на податоци во ваквите поддржувачки системи е од основно значење за прифаќањето и користењето на напредните технологии во овој домен од општеството.

Даталаб веќе отпочна со процесот на интеграција и олеснување на работата на фармерите корисници на решението Pantheon Farm преку соработка со партнери за дополнување на палетата на решенија интегрирани со Pantheon Farm. На овој начин автоматизираното хранење на системот со податоци со минимална интеракција од фармерот е основа на идните надградби на решението.

Саемот TechAgro постои како настан веќе 20 години и оваа година својот јубилеј го одбележа со учесници од преку 30 земји во светот и со преку 100.000 посетители. Покрај софтверските компании, на саемот присуствуваа сите големи и познати брендови на земјоделска механизација и опрема како John Deer, Farmet, Fliegl, Kirchner и сл. каде со отворени тест платформи на посетителите им беше овозможено лично да ги испробаат алатките и опремата која се нуди.

Даталаб и понатаму има за цел да продолжи да се проширува во останатите земји во Европа, и преку своето присуство на саемот TechAgro веќе го отпочна своето присуство и на пазарот во Чешка и Словачка. Заинтересираните фармери имаа можност директно да го тестираат решението Pantheon Farm и мобилната апликација, како и да се информираат за можностите и планираните надградби на системот во иднина.

Доколку сакате да дознаете повеќе детали или имате прашања за Pantheon Farm Accounting, посетете го нашиот веб портал www.datalab.com.mk или пишете на ivanaa@datalab.com.mk