Пар фармерки на Исланд чинат 100 евра, а во Пакистан скоро 14 евра

88

Еден пар фармерки во продавница на Исланд може да се купат по цена од 100 евра, со што оваа земја е најскапа кога станува збор за овие култни тексас панталони. На другата страна од светот, пак, во Пакистан, еден пар фармерки се продава по цена од 13,70 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Земји во кои, освен на Исланд, треба да се одвои “мало богатство“ за еден пар фармерки се и: Швајцарија (98 евра), Данска (97 евра), Финска (85 евра) и Норвешка (84 евра).

Од земјите во регионот најскапи се фармерките во Грција и чинат 72 евра. Следува Хрватска со пар фармерки од 69 евра, додека во Словенија се продаваат по 67 евра. Во Црна Гора и Србија, цената на пар фармерки е околу 56 евра, додека во Бугарија се продаваат по цена од 43 евра. Албанија е 68-ма во светот со просечна цена на фармерки од 41 евра, додека во Македонија цената е 39 евра.

Освен во Пакистан, најевтини се фармерките во Кенија (22 евра), Шри Ланка (22 евра) и Сирија (15 евра).

Фото: Pixabay