Стапката на невработеност во Франција падна во првиот квартал на 11-годишен минимум, бидејќи луѓето без работа не можеа да бараат работа откако владата воведе мерки за ограничување на движењето поради епидемијата на вирусот корона, објави тамошниот завод за статистика.
Според статистички податоци, стапката на невработеност падна во првите три месеци на 7,8% во однос на 8,1% од четвртиот квартал во 2019 година, што е нејзино најниско ново од крајот на 2008 година, пренесува Reuters.
Мерките од вонредната состојба кои Франција ги воведе на 17 март, влијаеа на падот на бројот на луѓе кои во евиденцијата на агенцијата за вработување се класифицираат како невработени, бидејќи им беше оневозможено да бараат работа.
Инаку, владата во Париз со намера да спречи бран на трајно отпуштање на работници, одлучи на компаниите да им уплаќа надомест во висина од 70% бруто плата за вработени кои се на принуден одмор.
Фото: Pixabay