“Парче рај“ на попуст – почна распродажба на вили и хотели

264

На индонезискиот остров Бали, сопствениците на хотели погодени од кризата Ковид-19 се принудени да ги стават на продажба своите имоти.

Ова следеше по одлуката на надлежните да не ја отворат сезоната пред есен. И додека некои се борат за егзистенција, инвеститорите можат да ја искористат оваа уникатна можност и да купат “парче рај“ по многу поволна цена.

Одморалиштето со 50 вили, кое се гради во близина на популарна плажа за сурфање, се продава за девет милиони долари, далеку под првично бараната цена од 17 милиони долари.
Хотел со две ѕвезди и 140 соби се продава од мај за 7,7 милиони долари.

Туризмот сочинува повеќе од 60 % од економијата на островот. Рекордни 6,2 милиони патници ги посетиле плажите, хотелите и центрите за јога во Бали во 2019 година.

Фото: Pixabay