Паретов принцип што ќе ви помогне да заштедите пари

154

Сите сакаме да заштедиме, а како да го сториме тоа, како да ги планираме приходите и дали платата е доволна за да ги покрие потребите и желбите, би можело да се искористи формулата за заштеда 80/20, дизајнирана според таканаречениот Паретов принцип (Pareto principle).

Методот Парето првпат го открил италијанскиот економист Вилфредо Парето во 1897 година, докажувајќи дека работите функционираат на неизбалансиран, но математички изразен начин.

Предлогот е следен: Правилото е да заштедиме 20 % од нето приходот, а потоа да го потрошиме остатокот (50 % за она што ни е неопходно, плус 30% за она што го сакаме, а сето тоа задно да прави 80 % од потрошувачката).

Ако надминеме 80 % од потребното и она што го сакаме, се смета дека трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме и тоа може да биде причина за задолжување.

Како да се примени формулата за заштеда на пари?

За оние за кои буџетирањето не им е силна страна, оваа формула може да биде решение.

Еден од советите е да го прилагодите сопствениот животен стил, да пронајдете рамнотежа помеѓу трошењето и заштедата и да се грижите за иднината.

Парето pринципот подразбира дека е многу важно правилно да се дефинираат потребите и желбите.

Важно правило е да бидете отпорни на неуспеси, и можеби нема да функционира за секого, бидејќи луѓето имаат различни начини на живот, трошење и заштеда, цели, расположенија и нивоа на приход.

За некои, формулата за заштеда 80/20 може да биде предизвик. Важно е да се обидете, но и да вежбате. Вежбањето е важно за секого, вклучително и ова за да бидете поуспешни во управувањето со финансиите и така што на крајот, вложувањето и отплатата на сите долгови ќе биде полесно, како и заштедите.

Фото: Freepik