Богатата наследничка Парис Хилтон ќе отвори свој ланец на луксузни хотели, со што ќе ги следи стапките на својот прадедо, Конрад Хилтон, кој ја започна успешната хотелиерска приказна. Таа ќе отвори хотели во нејзините три омилени дестинации – Дубаи, Њујорк и Вегас, но сè уште не се знае кога истите ќе бидат комплетирани. Хотелите ќе го носат нејзиното име, пишува Business Standard.
Ова не е прв пат таа да направи бизнис потфат во областа на недвижностите. Во 2010 година Хилтон го дизајнираше изгледот на двата клуба за Azure Urban Resort Residences изведени од компанијата за недвижнини Century Properties на Филипините.
Парис досега има направено неколку успешни бизнис зделки. Само од нејзината линија на парфеми заработила 1,5 милијарди долари. Таа, исто така, поседува 50 Paris Hilton бутици низ целиот свет со разни производи како парфеми, чанти, часовници и чевли.