
Поминаа повеќе од две години откако администрацијата на Џо Бајден рече дека ќе обезбеди 7,5 милијарди долари за воспоставување станици за полнење ЕВ низ САД.
Белата куќа се надева дека на крајот ќе има 500.000 полначи во САД, но од март 2024 година, со овие средства се изградени само седум станици за полнење ЕВ.
Од инвестициите, пет милијарди долари се доделени на одделни држави кои ќе градат станици за полнење покрај главните автопати. За да ги активираат средствата, државите мора да поднесат планови до администрацијата и потоа да направат тендери. Овој процес кој одзема многу време го направи поставувањето на станиците толку бавно.
Седумте досега изградени станици се наоѓаат на Хаваи, а потоа следат Њујорк, Охајо и Пенсилванија и можат да наполнат 38 возила.
Моментално се градат други станици во уште четири држави, а Вашингтон пост објави дека во уште дванаесет држави исто така почнале да се градат.
Аналитичарите на „Atlas Public Policy“ велат дека инвестициите на администрацијата се доволни за изградба на 5.000 станици или околу 20.000 полначи.
Поставени се строги стандарди за јавно финансираните полначи, што исто така го одложи нивното воведување.
Белата куќа рече дека овие полначи мора да работат 97% од времето, секој мора да обезбеди 150 kW енергија, а од меѓудржавен пат не смеат да бидат оддалечени повеќе од 1,6 километри.
Портпаролот на Белата куќа вели дека администрацијата сè уште верува дека САД може да имаат 500.000 полначи до 2026 година, но некои републиканци во Претставничкиот дом се скептични за тие тврдења.











