Парите подобро изгледаат во банка одошто на вашите нозе

67

Никогаш не треба да се потценува важноста за штедење, особено сега во услови кога владее криза на глобално ниво. Главната филозофија на штедење е дека претставува најдобар начин за обезбедување на сигурност во иднина. Доколку имате дилема, дали и кога да почнете да штедите, овие мисли на познати личности би ви биле од голема помош.

Парите подобро изгледаат во банка одошто на вашите нозе. Ова во една прилика го изјави Софија Аморусо, жена претприемач од САД, чие богатство се проценува на околу пет милиони долари. Според нејзе, трошењето на пари за облека, накит или чевли, можеби ќе ве направи најдобро облечена личност меѓу пријателите, но тоа нема да ви донесе многу за покривање на непредвидени трошоци. Модните трендови поминуваат, но финансиската стабилност никогаш не излегува од мода.

Пазете на мали трошоци, мала дупка може да го потопи и најголемиот брод е мисла на Бенџамин Френклин. Овој американски политичар и филозоф смета дека дури и малите трошоци можат да ги уништат личните финансии. Ако го следите своето однесување, може да сфатите дека секој ден трошите пари на работи што не ви се потребни, а кога ќе имате потреба од пари да се соочите со празен паричник.

Без пари може да бидете додека сте млади, но не и кога ќе остарите, рекол Тенеси Вилијамс во една прилика. Овој американски драматург смета дека е време да се планира пензија кога некој е млад и полн со енергија.

Фото: Pexels