Париз планира да забрани влез на туристички автобуси во центарот на градот

40

Фото: Pixabay

Градските власти во Париз планираат да им забранат влез на туристичките автобуси во центарот на градот, за да ги поттикнат туристите да пешачат, да возат велосипеди или да ги користат услугите на јавниот превоз, пишува Le Parisien.

“Не сакаме веќе тотална анархија на туристичките автобуси во Париз. Автобусите веќе не се добредојдени во самото срце на градот“, вели Емануел Грегоар, заменик градоначалник на Париз.

Се чека донесување на закон со којшто ќе се намали сообраќајот на автобуси, по што ќе се направи место за паркинг надвор од центарот на градот.

“Туристите, како и сите останати, ќе може да се префрлат на начини на движење што одговара на животната средина или да користат јавен превоз“, изјави Грегоар, додавајќи дека туристичките водичи би требало да се прилагодат за организирање велосипедски тури или пешачење со слушалки во ушите.