Париз поради Brexit доби скоро 5.000 работни места

26

Во Париз поради Brexit се префрлени 4.735 работни места во финансискиот сектор. Организацијата Paris Europlace објави дека од Лондон во Париз најчесто се префрлени работни места од областа на финансиите. Меѓу компаниите коишто се преселени се JPMorgan и јапонска Nomura, како и француските банки BNP Paribas и Societe Generale коишто имале големи деловни активности во Велика Британија.

Освен во овој сектор, ако се вклучат и здравството и автомобилската индустрија, поради Brexit бројот на работни места во Франција ќе се зголеми за 9.516.

Многу од европските престолнини настојуваат по излегувањето на Велика Британија од Унијата да привлечат бизниси кои дотогаш работела во Лондон, од нив најмногу банки и инвестициони фондови.

Проценките за загубени работни места во Велика Британија варираат. Се смета дека ќе бидат намалени околу 7.500 работни места во финансискиот сектор, но и одлив на стотици милијарди фунти имот.

Фото: Freepik