Паркирањето е поскапо од авионската карта:Топ 10 аеродроми со најскап паркинг

80

Британската компанија Moneybarn, која се занимава со финансиски услуги, ги објави резултатите од истражувањето за цените на паркинг местата на светските аеродроми.

Наведоа дека британските аеродроми Хитроу и Гетвик се на второто и петтото место на табелата на најскапи.

Во извештајот се наведува дека на аеродромот Хитроу неделното паркирање се наплаќа по 255,30 фунти, а на аеродромот Гетвик 180 фунти неделно, пренесува Sky News.

Туристите кои бараат најевтин начин да го фатат својот авион треба да ја земат предвид таксата за паркирање, која може да чини повеќе од авионската карта.

Ова е особено важно за патниците од ОК, на кои им се нудат два аеродромски паркиралишта кои се меѓу 10-те најскапи во светот, според истражувањето.

Убедливо најскапиот аеродромски паркинг во светот го плаќаат корисниците на меѓународниот аеродром Хамад во Катар.