Паркирање со една педала – иновација на ижненерите од Renault

63

Инженерите на Renault постојано наоѓаат нови начини со кои животите на возачите ги прават поудобни, попрактични и побезбедни, а таков е и изумот Паркирање со една педала

Марката Renault повеќе до еден век покажува дека иновациите се дел од ДНК-та на француската компанија. Со својот изум за „Паркирање со една педала“, инженерот за развој на системот Јонг-Хун и инженерот за развој на алгоритмите Папе во целост ја следат традицијата која се заснова на претворање на пречките во предност.

За време на работата на својот напреден систем за помош при паркирањето, само два месеци пред завршување на проектот, двајцата инженери се соочиле со сериозни потешкотии. Поради тоа, морале да пронајдат решение за да го завршат својот проект.

Поедноставно паркирање на автомобилот

Renault веќе со години нуди системи за асистенција во возењето со цел на купувачите да им се поедностави паркирањето. На почетокот тоа беа паркинг сензорите кои се произведуваа од 1990 до 2000 година. Првично беа вградувани во задниот дел од возилото, а потоа и во преднот. „Повеќе не моравте да излегувате од возилото за да проверите дали имате уште место за паркирање“, вели Папе.

Неколку години подоцна, камерата за возење наназад или дури и камерата од 360 степени го пополнија овој систем. „Звучните сигнали сега се проследени со приказ на положбата на пречките на мултимедијалниот екран интегриран во командната табла на автомобилот“, додава Јонг-Хун.

„Со претставувањето на системот за помош при паркирањето, Easy Park Assist, во поделот Espace 5 во 2015 година, направивме голем чекор“, нагласува Папе. Кога возачот ќе го вклучи овој систем, возилото бара паркинг место кое одговара на неговата величина, а потоа само ја одредува патеката „преземајќи контрола“ над управувачот. Во меѓувреме, возачот го контролира забрзувањето, сопирањето, промената на степенот на пренос меѓу возењето наназад и напред како и рачната сопирачка.

Во редизајнираниот Espace од 2019 година, Renault отиде чекор подалеку во автоматизацијата на паркирањето. Инженерите на Renault конструираа интерен систем за помош при паркирањето кој ја презема контролата над управувачот, од пронаоѓање на паркинг место до потполно запирање. Напредниот систем за помош беше заменет со Easy Park Assist. Напредниот систем за помош при паркирање оди уште подалеку од системот Easy Park Assist бидејќи ги автоматизира сите паркинг маневри.

Јонг-Хун, инженер за развој на системите за асистенција во возењето, ја презеде одговорноста за идејна разработка на системот. А, Папе, сето тоа морал да го имплементира. Со едно важно ограничување – системот морал да остане само помош во возењето, а не да преземе целосна контрола над возилото.

Копчето, кое возачот ќе мора да го држи притиснато, оваа мисија ја направи лесно остварлива. „Возачот само мора да го притисне копчето за да го започне маневарот, да го отпушти ако дојде до било каков проблем и повторно да го притисне со цел да го заврши паркирањето на возилото“, објаснува Јонг-Хун. Копчето е сместено на централната конзола, со оглед на тоа дека копчето за вклучување/исклучување на темпоматот е преместен на управувачот. Возачот може да го притисне копчето удобно потпирајќи се на потпирачот за рака.

Меѓутоа, не е земен в предвид развојот на друга функција – електричната паркинг сопирачка која повторно е испитана и за која е сметано дека има предност во однос на напредниот систем за помош при паркирање. Само неколку месеци пред возилото да се пласира на пазарот, целиот проект пропаднал. Првичната идеја за копчето, кое требаше да ја обезбеди внимателноста на возачот, повеќе не постоеше.

Од копче до педала

Со отстранувањето на копчето, најважниот елемент за задржување на вниманието на возачот и обезбедување на комерцијализација на оваа функција, требало да означи крај на проектот. Меѓутоа, преовладале одлучноста и инвентивноста на двајцата инженери на Renault.

Јонг-Хун и Папе најпрво сакале да додадат уште едно копче. Но, тоа било невозможно во оваа фаза од проектот. Особено бидејќи во новата верзија на Espace целта била да се „исчисти“ централната конзола. Второто можно решение, од кое брзо се откажале, било да се вгради копче во подножјето на мултимедијалниот екран со помош на кое возачите би го активирале напрендиот систем за помош при паркирање. Но, заклучиле дека не би било згодно со испружена рака да се притиска копчето за време на целиот процес на паркирање. Единствената алтернатива била да се пронајде друг начин за одржување на контакт. Конечно дошле до решение – педалата за гас.

„Набрзо се сложивме дека најдоброто решение би било да се користи педалата за гас за одржување на контакт. Тоа би осигурало дека возачот е на готовс и на тој начин педалата за гас би се користела на истиот начин како и копчето. Доволно е да ја притиснете педалата за да се активира менаварот и да се отпушти за да се запре“.

До лансирањето на возилото имало се помалку време, па морале брзо да делуваат. Јонг-Хун и Папе започнале изработка на протоип и наскоро почнале со интнерно испитување. Работеле брзо, но ефикасно! Нивното решение, наречено Паркирање со една педала, ги привлече купувачите. Неколку купувачи добиле шанса да ја испробаат иновацијата и нивните реакции биле повеќе од позитивни. „Спроведените тестирања донесоа мошне позитивни резултати – купувачите беа задоволни, бидејќи системот е многу едноставен за користење“, нагласи Папе.

Развојот на педалата бил довршен за само два месеци. „Да се промени концептот во род од два месеци беше едноставно незамисливо! Но, сепак успеавме! Обично се потребни две години за развој на ваков вид иновација“, објаснува Јонг-Хун.

Преземено од Avtoplus.mk