Паркирање во Охрид во премиум-зона ќе чини 100 денари

81

Јавното претпријатие Билјанини извори започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

“Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. премиум-зона во строгиот центар на градот чини сто денари за час. Сезонската тарифа на паркирањето трае до први септември“, соопштија од ЈП Билјанини извори.