Возењето велосипед е здрава навика што треба да ја практикуваме често. Но, многумина се соочуваат со предизвик каде да го паркираат својот велосипед, а да не зафаќа многу простор. Решение за тоа е вертикалното паркирање, коешто понекогаш може да биде тешко и напорно.
Оригинално, лесно и едноставно решение за вертикалното паркирање на велосипедите има белгиски старт – ап, којшто го создаде PARKIS.
Овој уред се поставува на ѕид, а паркирањето на велосипедот го прави едноставно. Корисникот треба да го постави предното тркало и да го турне велосипедот, којшто лесно се искачува по платформата и вертикално се фиксира. Може да се постави во канцеларија, на тераса, во двор или во гаража.
PARKIS го има во две варијанти – оригинален во жолта боја со проценета пазарна цена од 359 евра или луксузен обоен во металик по цена од 419 евра.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, PARKIS бара поддршка од 12.000 евра. Досега 133 поддржувачи во овој проект инвестирале над 60.000 евра.