Домаќинствата што се приклучени на системот на Балкан енерџи груп од први август да добиваат сметки за парно пониски за 4,69%, додека останатите потрошувачи за 16,6%, предлага Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), јавува Миа.
“За потрошувачите кои го користат дистрибутивниот систем на ЕЛЕМ енергетика се предлага линеарно намалување на цената на топлинската енергија за 4,9%. Домаќинствата, пак, корисници на дистрибутивната мрежа Скопје Север, според предлогот, ќе плаќаат парно со пониска цена за 0,48%, а тие од категоријата останати за 5,2%“, рече денеска претседателот на РКЕ Димитар Петров.
За предлог одлуката РКЕ ќе решава на утрешната седница. Вкупното намалување на цената на парното за корисниците на Балкан енерџи груп, според Петров, за една година, е 21%, а за останатите корисници 34%.