Пат во вселената со Леонардо Ди Каприо за 1,2 милиони евра

61

Леонардо Ди Каприо ќе биде поблиску до ѕвездите, но овој пат до оние на небото. Холивудската ѕвезда реши да патува во вселената со Virgin Galactic, но нема да биде сам. Актерот ќе биде придружуван од богат наддавач кој својот билет го обезбеди на аукција одржана на Филмскиот фестивал во Кан. Патот во вселената со Леонардо Ди Каприо овој богат човек го чинеше 1,2 милиони евра.

w460

Патувањето во вселената беше едно од 20-те награди кои беа доделени на 20-та по ред amfAR забава, која е всушност гала аукција и еден од најлуксузните настани на овој престижен филмски фестивал. Оваа година на аукцијата беа собрани средства во висина од рекордни 25 милиони долари кои ќе бидат искористени во истражувања за лек против СИДА.

Помеѓу останатите награди беа и улога како статист во четири холивудски филмови, две VIP места за следните Оскари во 2014 (140.000 евра), приватен акустичен концерт за 45 луѓе од Сајмон Лебон и Џон Тејлор од Дуран Дуран (400.000 евра) и натпревар во фудбал против тим предводен од Зинедин Зидан (380.000 евра).

amFAR-0096_122603966980.jpg_carousel_parties

Покрај Ди Каприо на хуманитарната вечера во Antibes’ Eden Roc хотелот присуствуваа уште 900 гости, меѓу кои Никол Кидман, Џенет Џексон, Кајли Миног, Одри Тату, Парис Хилтон и други.

Маса за десет луѓе чинеше 120.000 евра, додека индивидуално седиште приближно 3.000 евра.

На овогодинешната аукција беа собрани двојно повеќе средства од минатата година. Од почетокот на одржувањето на оваа гала, од 1993 па се досега собрани се вкупно 87 милиони евра.