Патека генерира енергија од чекорите на пешаците

54

pavegen-facebook

Фото: Facebook

Пешачка улица во Лондон ќе произведува електрична енергија од чекорите на пешаците, пишува Design Boom.

Луѓето кои ќе се движат меѓу улиците Оксфорд и Берет ќе генерираат енергија на специјалната патека што се протега на 10 метри квадратни.

Количината на енергија што се создава со прошетка по патеката, како и бројот на потрошени калории, корисниците ќе може да ги следат на својот мобилен телефон.

За оваа пешачка патека е задолжена компанијата Pavegen, од каде што сметаат дека примената на ваква технологија во шопинг центри или во пешачки зони може да донесе значителна заштеда на енергија.