Спортскиот бренд Puma и автомобилскиот Ferrari заеднички дизајнираа модел на патики инспириран од автомобилот
Патики инспирирани од автомобил – соработка на Puma и Ferrari
Спортскиот бренд Puma и автомобилскиот Ferrari заеднички дизајнираа модел на патики инспириран од автомобилот Ferrari SF90 Stradale.
Патиките го носат името Ferrari ION F и имаат линија што потсетува на моделот SF90 Stradale. На задниот дел се забележува нешто налик спојлер што е карактеристичен за италијанскиот суперавтомобил.
Патиките се дизајнирани во две бои, типичната црвена за Ferrari и црна.
Достапни се во одбрани продавници на Puma и Ferrari, како и онлајн по цена од околу 600 долари.
Фото: Puma