Германската авиокомпанија Луфтханза ги откажа скоро сите свои закажани летови за денеска поради штрајк на нејзините пилоти.
Со штрајкот се погодени околу 130.000 патници на повеќе од 800 летови од центрите на авиокомпанијата во Франкфурт и Минхен. Од патниците е побарано да не патуваат до аеродромот, туку да се префрлат на воз или да ги пререзервираат летовите на некој друг ден.
Партнерите на Луфтханза како што се Свис, Аустриан, Брисел и Еуровингс не се погодени од штрајкот и ќе работат според планираното, соопшти компанијата.
Ќе има и летови на Луфтханза кои поаѓаат надвор од Германија, под услов авионот и екипажот да се веќе во странство.