Патот на најбогатиот Хрват: Од поправање телевизори до најголем во Европа

237

Компанија како Orbico, која е една од најголемите во својата бранша во Европа, мора да има своја историја, а мојата биографија е најмногу поврзана со оваа компанија, рече 76-годишниот Бранко Роглиќ, еден од најголемите претприемачи во Хрватска, на претставување на својата автобиографија.

“Мора да истакнам дека не учествував во трансформацијата и приватизацијата во Хрватска, сите фирми што ги имам во нашата земја сам ги основав, со исклучок на компанијата Croatia bacteria во којашто работев пред трансформацијата и откако станав нејзин мнозински сопственик ги откуп преостанатите акции согласно законот“, вели Роглиќ.

Неговата автобиографија би била и добар водич за млади претприемачи, а може да им биде од корист и на менаџери и сопственици кои градат големи компании како Orbico, во којашто во овој момент работат околу 8.000 лица во 20 земји и остварува годишен приход од 2,3 милијарди евра.

Приказната на Роглиќ започнала од мала работилница за поправка на телевизори, а според експертите тој важи за кејнзијански претприемач кој не се фокусира само за профит, туку го развива и зајакнува бизнисот.

Фото: Freepik