Патување со воз во 2022 година – четири најдобри нови линии во Европа

120

Иако пандемијата ги пореметува и одложува плановите, како што беше случај и со стартувањето на новите железници оваа година, следната година според британскиот Guardian, ќе има многу убави нешта да се направат кога се во прашање патувањата. Имено, во сообраќај се нови и многу интересни линии.

Во продолжение изборот на Guardian, за најатрактивните нови линии кои стартувале овој месец или ќе започнат со сообраќај на почетокот на 2022 година.

Ноќниот воз Париз – Виена

Австрискиот OBB го додаде Париз на својата листа на дестинации. Возот Vienna Nightjet ќе сообраќа три пати неделно, патувањето трае 14-15 часа, додека цената на билетот во еден правец се движи од 59,90 до 94,90 евра.

Ноќниот воз од Амстердам до Цирих

Линијата е воспоставена на 12-ти декември. Возот сообраќа секој ден, а патувањето трае 11 часа и 37 минути. Цените на билетите се движат од 59,90 дo 99,90 евра. Линијата минува по класичната рута низ долината на Рајна јужно од Келн.

Штутгард – Виена, преку Тирол

Оваа рута не е најбрзата опција, но е можеби најубавата кога се во прашање пејзажите. Патувањeто трае скоро 10 часа, возот сообраќа секојдневно, а цените на билетите се движат од 37,90 дo 71,90 евра. За оние кои се брзаат, подобра опција е патувањето преку Минхен.

Љубљана – Будимпешта, преку Грац

Линијата што ги поврзува двата града веќе постои, но оваа нова опција е многу необична и колоритна рута која, како што пишува Гардијан, двапати ја минува границата на таканаречената Железна завеса. Возењето трае речиси девет часа, а цените на билетите се движат од 39,40 до 51,90 евра.