И ова лето голем број граѓани на Македонија со автомобили ќе се упатат кон Грција. Како и другите земји од ЕУ, и Грција е ригорозна кога се во прашање сообраќајните прекршоци, па на оние кои патуваат во таа земја им се советува да ги почитуваат сообраќајните прописи, пред сè заради сопствена безбедност, но и за да не ги боли глава кога ќе бидат запрени од страна на полицијата за прекршок.
Според веб-страницата nikana.gr, доколку казната за сообраќаен прекршок сè уште не е евидентирана и информацијата за истата е испратена на граничните премини, тоа не значи дека се спасивте од плаќање, потсетува Блиц.
„Грците не можат да ја испратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, но ќе треба да ја платите. Bо ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека казната ќе ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“, пишува на веб-страницата nikana.gr.
Кои се казните за одредени прекршоци?
Возење под дејство на алкохол 78 € – 1.200 €
Пречекорување на брзината до 20 km/h во населено место е 100 €
Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија чини 700 евра
Неносење појас – 350 евра
Непрописно паркирање, казната е од 40 до 80 €
Користење на мобилен телефон додека возите – 100 €
Дневните светла се потребни само кога видливоста е слаба во тунелот
Пушењето во возило доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра со одземање на возачката дозвола.