Пауел потврдува дека американската централна банка ФЕД нема да брза со намалување на каматните стапки

Претседателот на американската централна банка, ФЕД, Џером Пауел, во својот редовен полугодишен извештај до Конгресот на САД потврди дека банката нема да брза со намалување на каматните стапки.

Нашиот став сега е значително помалку рестриктивен отколку што беше, а економијата е сè уште силна, така што не треба да брзаме со прилагодување на каматните стапки, посочи Пауел.

Претседателот на ФЕД додаде дека пребрзото или преголемото намалување на каматните стапки може да го попречи напредокот на инфлацијата, додека пребавното или премалото намалување на стапките може да ја ослабне економската активност и вработеноста.